ДУИ ја поздрави одлуката на Собранието „ЗА“ Европска Македонија

од Stefanija Kuzmanovska

Демократската унија за интеграција ја поздравува историската одлука за прифаќање на францускиот предлог донесена од страна на Собранието на Република Северна Македонија со кој се запечати идеолошката ориентација на земјата без друга алтернатива, онаа за интеграција во Европската унија.

„Денес, триумфираше рационалноста, се зачуваа европските корени на земјата и беа поразени деструктивните обиди на регресивните проруски сили.

Граѓаните на оваа држава не подпадна на измамите, провокациите, конфузијата и не ги поддржаа протестите кои имаа за цел да ја вратат државата наназад, по сите заеднички достигнувања.

Нашето патување кон Европа ќе го направиме заедно, со достоинство и целосен демократски капацитет. Ја имаме поддршката на сите земји од Европа и на Соединетите Американски Држави, со кои успешно ги поминавме сите предизвици за демократизација на земјата.

Демократската унија за интеграција остана силно ангажирана во реализацијата на оваа цел за одблокирање на евроинтегративниот пат заедно со коалициските партнери и ќе продолжи да биде дел во прогресивниот табор во секој неопходен процес до целосното остварување на сонот за интеграција на земјата во Европската Унија“, наведоа од ДУИ.

Слични содржини