ДУИ ќе направи влада со партија што ќе гарантира продолжување на мандатот на СЈО

од Vladimir Zorba
89 прегледи

ДУИ ќе прифати влада со партијата што ќе гарантира продолжување на мандатот на СЈО. СЈО е битна за идината на Македонија и целосно расчистување со аферата прислушување, рече членот на Централното претседателство на ДУИ и долгогодишен функционер на ДУИ, Рафиз Алити во гостувањето на 24 Вести.

– ДУИ ќе прифати коалиција со партијата која ќе прифати албанскиот јазик да стане официјален јазик на целата територија. Притоа ДУИ не бара албанскиот јазик да биде прв јазик на употреба, тоа сите знаеме дека е македонскиот, рече тој.

 ДУИ ќе се залага за што побрзо решавање на спорот со името и очекуваме реални напори од следната влада за надминување на спорот како и конкретни чекори за интеграција во НАТО и почеток преговори со ЕУ. Тие се стратешки прашања и за државата и за Албанците и ние на тоа мораме да работиме.

Алити истакна дека ДУИ преговара и со двете партии од македонскиот блок, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и дека сите албански партии ова ќе го бараат од македонските партии.