ДУИ: Одбивањето на зголемувањето на платата на наставниците е политичка агенда против учениците и родителите

од Берта Китинска
293 прегледи

Демократската Унија за Интеграција оценува дека Владата со години покажува голема грижа кон образованието, како многу важен сектор во нашето општество.

„Одбивањето на зголемувањето за 2.500 денари или 10% на платите од страна на обединетиот Синдикат за образование, наука и култура како и методологијата за постепено зголемување и трајно решавање на социјалниот статус на образовниот кадар е политичка агенда против учениците и родителите“, велат од партијата.

Демократската Унија за Интеграција смета дека со одбивањето на понудата дадена од страна на Владата, СОНК ги става личните интереси над интересите на учениците, додека штетата оди на сметка на наставниците и учениците токму во пресрет на завршувањето на наставниот процес, бидејќи правото на образование на секое дете е загарантирано и со Уставот.

„Нетолерантно е да не се одржува настава во услови како овие денешните кога цел свет се соочува со пандемијата, економската и енергетската криза, додека Владата и Министерството за Образование и Наука прават максимални напори за нормализирање на образовниот процес. Демократската Унија за Интеграција во оваа прилика ги повикува сите наставници и ученици да се вратат во училишните клупи, да продолжат со наставата и воедно апелираме до СОНК да продолжат со дијалогот додека не се најде решение и да не се дозволи бојкотот на наставата да влијае на образовниот процес“, додаваат од партијата.

Слични содржини