ДУИ го поздравува усвојувањето на петтиот пакет економски мерки што Собранието на вчерашната седница.
„Почнувајќи од денес, граѓаните ќе придобијат од мерките на петтиот економски пакет, каде на нивните сметки ќе бидат уплатени платите за месец февруари и март, а компаниите ќе можат да аплицираат за овие мерки до 30 април“, велат од партијата.
Од таму наведуваат кдеа ги поддржува сите законски иницијативи и проекти кои се во интерес на граѓаните, вклучувајќи го овде и инсистирање на усвојувањето на законите од петтиот пакет економски мерки преку кои финансиски се подржуваат над 60.000 граѓани и компании.
„Опозицијата со своето отсуство го држеше во заложништво кворумот во Собранието, со цел да не се одржи
седницата. Отсуството на двајцата претседатели на албанската опозиција во моментот на гласањето на законите од петтиот пакет економски мерки јасно покажува дека тие се насочени кон дневнополитички поени, а не се посветени на луѓето од кои и ги добиле гласовите“, стои во партиското соопштение.