Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми денеска повторно порача дека треба да има предвремени парламентарни избори за, како што рече, граѓаните да можат да одлучат кој треба да ги претставува и таа одлука треба да ја почитуваат сите.
На прес-конференција, Адеми истакна дека победникот треба да биде дел од телата за донесување одлуки.
Адеми понатаму додаде дека во 2024 година побарале силен мандат од граѓаните за Македонија да остане на западниот пат и потенцира дека земјата се соочува со стагнација и регресија.