ДУИ: Отпорот за Законот за средно образование е обид да го заштитиме нашиот мултиетнички заеднички дом

од Vladimir Zorba
17 прегледи

„Уште еднаш ги отфрламе тврдењата на министерката Јаневска дека ДУИ го блокираше Законот за средно образование поради националистички или партиски интереси. Напротив отпорот беше уште една обид ДУИ да го заштити нашиот мултиетнички заеднички дом“, реагираат од ДУИ.

„Да ги заштити граѓаните, Македонци, Албанци, Турци и сите други етнички заедници — од политиките на поделба и етничка супремација, од политиките кои создаваат раздор меѓу народите, и која го нарушува нашиот заеднички напредок.

Но оваа изјава не е за да ве убедиме Вас и оние што работат на поделба и омраза.

Ова е порака до Македонскиот народ, до  граѓаните кои веруваат дека единствено соживотот и еднаквоста се иднината на оваа земја.

На нив им велиме: Албанскиот јазик и култура не се закана за вас, напротив, тие се богатство за нашата мултиетничка држава.

Албанците никогаш не ги оспорувале вашите етнички симболи и вредности, и ќе ги штитиме со сето наше битие од секој што сака да ги загрози.  Бидете сигурни во тоа.

Но нема  да дозволиме истотака некој да ги загрози нашите вредности.

Затоа не  подлегнувајте на политичари кои прво внесуваат страв меѓу вас од вашите сограѓани а потоа го искористуваат тој страв за да се одржат на власт.

Да се обединиме сите, оние кои веруваат во соживот, еднаквост и да ги одбиеме политиките на поделба“, додаваат од ДУИ.

Слични содржини