Од ДУИ вечерва соопштија дека за првпат ќе имаат свој градоначалник во Општина Струга. Исто така беше соопштено дека нивните кандидати во Кичево и Струга ќе влезат во втор круг против противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.
Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми порача и дека нивниот кандидат, Валбон Лимани извојувал победа во Општина Гостивар. Според него, разликата во општината е 6:1 во однос на кандидатот на ВЛЕН.
-Испишавме историја за првпат. Во Чашка ќе имаме градоначалник од редовите од Националната алијанса за интеграција (НАИ), додаде Адеми.
Претходно од ДИК соопштија дека ДУИ во шест општини.