Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја поздравува извршната наредба на претседателот Џо Бајден со која се предвидува замрзнување на имотот и забрана за влез во САД за сите оние кои го дестабилизираат Западниот Балкан, се вмешани во корупција и ги ризикуваат демократските институции.
Како што се наведува во соопштението од ДУИ, за поздравување е фактот што меѓу оние кои ја
загрозуваат стабилноста на Западниот Балкан се етикетирани и вклучени и оние кои работат против Преспанскиот договор и Охридскиот рамковен договор кои всушност се и наши прогласени светско познати црвени линии.
-ДУИ целосно ја поддржува одлуката на САД, поточно нивната посветеност за унапредување на
отчетноста и борбата против корупцијата во Западниот Балкан, но и низ целиот свет. ДУИ како одговорна партија во Република Северна Македонија ја поздравува одлуката на Белата Куќа за гарантирањето на безбедноста и политичката стабилност на Западниот Балкан, а посветеноста на администрацијата на Бајден за унапредувањето на основните интереси во заштитата на демократските институции ДУИ ќе ја подржи и никогаш нема да се двоуми, се наведува во соопштението од партијата.