ДУИ: Водиме над 30 илјади гласови пред опозицијата и ќе имаме над 20 пратеници

од Nikola Popovski
308 прегледи

ДУИ прогнозира дека ќе биде апсолутен победник кај албанскиот блок и според нивните проекции, досега имаат 30 илјади гласови разлика во однос на коалицијата ВЛЕН.

-По 50% изброени гласачки ливчиња, разликата е над 30 илјади гласови пред опозицијата. Во Дебар водиме со 2:1, во Струга повеќе од 2:1, во Кичево 5:1, во Врапчиште повеќе од 2:1, изјави на прес-конференција шефот на изборниот штаб на ДУИ, Арбер Адеми.

Според него, ДУИ води и во Тетово, Липково, Гостивар и Куманово.

За Адеми, со ваквиот резултат се потврдува дека Европскиот фронт ќе стигне до над 20 пратеници.

Слични содржини