ДУИ: За кого работи Владата? За граѓаните, или за своите спонзори и привилегирани олигарси?  

од Vladimir Zorba
32 прегледи

„Кои олигарси се заштитуваат? Зошто Владата одбива да го донесе Законот за Рестриктивни Мерки, кој спречува лицата санкционирани од САД и ЕУ да имаат пристап до политичкиот живот и јавните ресурси? “, прашуваат од ДУИ.

„Овој закон не е избор, туку неопходност.

Одбивањето или одолговлекувањето на неговото донесување отвора сериозни сомнежи за мрачни влијанија и заштита на интересите на олигарсите.

Јавноста бара јасни одговори: За кого работи Владата? За граѓаните, или за своите спонзори и привилегирани олигарси?

Рестриктивните мерки се тест за интегритетот и решителноста за праведна и европска иднина.

Секое одложување е чин на предавство кон граѓаните на оваа земја“, додаваат од партијата на Ахмети.

Слични содржини