Дујовски: Немаме историски врски со Русија, нашите партнери се на Запад

од Nikola Popovski
194 прегледи

Нашите партнери се на Запад, а не на Исток. Освен „Лукоил“, кај нас нема друга голема руска инвестиција. Нашите луѓе, дури и оние со бугарски пасоши одат на работа во Словенија, Германија, никој не оди во Русија, иако голем дел од нив се вљубеници во Руската федерација и Путин, вели професорот Никола Дујовски во емисијата „Клик плус“.

Според него, немаме ниту историски, ниту економски врски со Русија.

-Македонија не смее да го следи патот на српското општество кон Русија. Еве и од ЕУ ги прашуваат Србите „одлучете се по кој пат ќе одите“. Дали станува за класичен инает на Македонецот, кој и да е на власт ние ќе бидеме со Русинот… Не сакам да мислам дека е така, рече Дујовски во гостувањето.

Слични содржини