Дуќанџиите формираа здружение „Обнова Глобал“: Се бараат пари и од државата и од коморите

од Nikola Popovski

Пожарот во трговскиот центар Глобал предизвика милионски штети. Прецизни бројки во моментов се уште нема, но првичните проценки на економските оператори кои стопанисуваат во објектот велат дека штетите предизвикани од огнената стихија ќе се мерат во повеќе милиони евра.

За санација и обнова на Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица е формирано Здружение „Обнова Глобал“ кое ќе се обрати до сите општински и државни институции и до стопанските комори за да донираат средства на отворената солидарна сметка, информираше денеска Илија Митревски од ова Здружение.

„Здружението Обнова Глобал е формирано со цел обнова и санација на Глобал. Како формално правен субјект ќе се обрати официјално до сите релевантни општински и републички институции, до владата, а преку сите стопански комори и до приватниот сектор и преку вас медиумите до секој кој е солидарен и хуман, преку донации веќе формираната наменска сметка доколку сакаат да помогнат, да уплатат средства кои на нај транспарентен начин ќе се наменат за обнова и санација на трговскиот центар Глобал“,  рече Митревски.

Освен направената материјалната штета, со пожарот во Глобал без работа останаа и неколку стотини граѓани кои беа вработени на пазарот во дуќаните.

Во пожарот, кој избувна ноќта на 2 овој месец, опожарен е голем дел од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот и третиот, а урнат е и дел од покривот.

Слични содржини