Дуковски: Недозволено е Обвинителството да повикува сведок кој самиот вели дека не е кредибилен

Недозовлено и необично е што Обвинителството повикува сведок, кој на самиот почеток вели дека не е кредиилен, посочи по денешното рочиште адвокатот, Сашо Дуковски, инаку бранител на првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски.

„Прво имате една невообичаена ситуација, да речам невозможна ситуација. Предлагате сведок, зборам за Обвинтелството, којшто не е сослушан во истрагата. Користите исказ којшто е даден во друг предмет што нема врска и не се однесува на овој предмет. И како капа на сè, значи ви кажува сведокот дека не е кредибилен. Неколкупати сам ви кажува дека не кредибилен и вие со неверојатна упорност се обидувате повторно да го сослушувате. Тоа оставам е стратегијата на Обвинтелството, но тоа е недозволено и за мене невообичаено зошто се повикува сведок да се сослушува, кој во старт ви кажува дека не е кредибилен“, истакна Дуковски.

Дуковски вели, дека и покрај тоа, ништо во поглед на она што бил повикан, сведокот Камчев не кажал.

„Напротив дејствие на извршување е дека Бојан Јовановски наводно некого измамил со ветување дека ќе обезбеди државно земјиште, а сведокот Јордан Камчев кажа дека станувало збор за два проекти, коишто биле одбиени поради економска неисплатиливост од негова страна“, додаде Дуковски.

Адвокатот на Јовановски, посочи и дека на сведокот му поставил прашање дали станува збор за приватни парцели …

„Можам ли јас да ја вклучам државата во нешто што е ваша сопственост. Од тие причини сметам дека тотално непотребен беше овој сведок и ништо нема да утврди за фактичката состојба во овој предмет“, заклучи Дуковски.

Слични содржини