„Дупка” во Уставот за забраната на абортуси

од desk3
69 прегледи

 

Нови Лист – Ријека

Апсурдната „дупка” во Уставот на Република Хрватска во членот кој се однесува на референдумот трајно ги загрижува и едноставно ги мами прокаптолските намерници на различни иницијативи кои ги гушат човековите права.

Лидерите кои политички го профилираат Мост уште еднаш во една година успеаја да поминат цела предизборна кампања а да не се изјаснуваат и определуваат за главните прашања. Кога одговараа на анкетите кои содржеа и такви прашања, се трудеа да се позиционираат централно, па дури и прогресивно, со цел да не се досетат Властите.

abortus

Сега кога изборите поминаа, полесно е, сега можат некогаш да покажат и што навистина мислат за заштитата на човековите права. Тоа го покажа Божо Петров кога пред некој ден ја спореди слободата на молитвите пред болниците против абортусот, со слободата на јавните геј паради. Едноставно нешто што не може да се споредува.

Не излегуваат хомосексуалците гласно и масовно на улиците во бои на виножитото за цел свет да стане педерски, тие немаат таква амбиција, тие на никого не ја наметнуваат ни својата сексуална, ни глобална определба. Тие во геј парадите само се штитат себе и своите човекови права. Хетеросексуалците кои чекорат покрај нив го прават истото, се залагаат за заштита на правата на хомосексуалците, но и за недопирливост на сопствените гледишта.

А тие кои организирано се молат пред болниците против абортусот, сакаат на другите да го наметнат својот поглед на светот. Некои се молат, т.е. нивно право е ако на ниту еден начин не ја загрозуваат слободата на другиот. Но, тоа не е само медитациска молитва. Познато е дека тие кои би пропагирале и наметнувале љубов знаат многу да изнервираат, ако на тој на кого наводно е наменета, таа љубов не му е потребна. Можат за секунда да се претворатг во најголеми мразачи.

Абортусот е сигурно несреќен случај за многу жени кои се одлучуваат за тоа. Но, интенцијата на стариот закон од 1978 година е слободниот избор на жените да одлучуваат за сопственото тело, па и поради различни околности, кои не мора да бидат само социјални, да се одлучат за абортус.

Андреј Пленковиќ е јасен во одговорите дека (неговата) ХДЗ нема да забрани абортус. Па и Божо Петров вели дека „во овој момент” не гледа зошто треба да се менува законот за абортус. Но, „ако даваат аргументи зошто да не се послушаат, па и да се расправа по нив?”.
А аргумент или „аргумент” е и дека животот почнува со ембрионот. Аргумент на Црквата кој освен црковните луѓе го изнесуваат луѓето од иницијативата на Жељко Маркиќ „Во име на семејството” и другите католички здруженија. Како што вели Вице Бартело од „Vigilarea” – законот за абортус треба да се усогласи со Уставот. А Уставот во член 21 вели: „Секое човечко битие има право на живот”. А животот, нели, почнува со ембрионот!?

Сега по 25 години од поставувањето на барањето за оценка на уставноста, законот за абортус ќе се расправа и во Уставниот суд. Прашање е зошто токму сега по сите тие 25 години? Подготвувајќи се за доаѓање на власт со Томислав Карамарко, ХДЗ и, подоцна ќе се види, неговиот несуден министер за здравство Анте Ќорушиќ подготвуваа измени на законот за абортус, така да законски се воведе обавезно советување за жени кои ќе побараат абортус и тоа со лекар, психолог, социјален работник и свештеник. Жените кои не веруваат би го прескокнале свештеникот.

ХДЗ и Мост нема да одат на целосна забрана на абортусот, но ќе се обидат да го отежнат слободниот избор на жените. Но, може да се очекува дека во состојба во која и понатаму е уставно, а потоа и законски можно државниот референдум за било која тема да помине и со 10 или 100 гласови (бидејќи излезноста не игра никаква улога) конзервативните и клерикални здруженија да се обидат да иницираат референдум за „правото на живот” т.е. за забрана на абортусот.

Мнозинското јавно мислење е против забраната за абортус па на можен референдум би излегле голем број противници на забраната, а резултатот би бил неизвесен. Но, ваквата апсурдна „дупка” во Уставот на РХ во членот кој се однесува на референдумот трајно ги загрижува и едноставно ги мами прокаптолските намерници на различни иницијативи кои ги гушат човековите права./МИА