Дурент постави вечен рекорд и го прокоментира дуелот со Србија

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Кошаркарот на САД, Кевин Дурент стана најдобар стрелец на американската репрезентација досега во победата над Бразил со 122:87, а во полуфиналето следи Србија, тим за кој говореше по вчерашниот меч.

„Тие не познаваат многу добро, како што ги знаеме ние нив, така што ќе биде клучно кој ја сака повеќе победата. Дали ме разбираш што мислам? Ќе ја анализираме играта, ќе правиме скаутинг и такви работи“, изјави Кевин.

Франција ја изненади Канада, па закажа пресметка против Германија.

„Французите одиграа одлично денеска. Добија енергија од публиката. Имаа многу тежок натпревар против Германија во групата, па ќе видиме како ќе испадне се. Сега е поинаков дуел и сигурен сум дека ќе бидат подготвени“, заклучи Дурент.

Србија во четврток од 21.00 часот игра против САД. Во 17:30 часот се среќаваат Франција и Германија.

Слични содржини