Дури по 10 дена принцот Филип  и се извини на повредената жена во сударот кој го предизвика

од desk2
103 прегледи

 

Принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета II, денеска и се извини на неодамна повредената жена во сообраќајката која учествуваше и тој.

Принцот Филип (97) на Ема Ферведер и рече дека длабоко жали што таа се здобила со повреда кога на 17 јануари автомобилот кој таа го возела се сурдил со Land Rover-от зад чиј волан бил принцот.

Во писмото објавено денеска Филип вели дека го заслепело сонцето кога излегол на главниот пат во близина на кралската резиденција во Сандрингам на истокот на Англија.

При тоа Ферведер се здоби со повреда на рачниот зглоб.

По сообраќајката принцот нема да биде обвинет за прекршок.