Двајца ученици се ИСКЛУЧЕНИ од училиштето во Трстеник по инцидентот, се огласи нападнатата професорка

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

Двајца ученици се избркани од училиште во Трстеник поради недолично однесување кон наставничката во оваа образовна институција.

Двајцата ученици М.М.(18) и Н.Ж (17) се избркани од училиштето во Трстеник по инцидентот што се случи на 9 ноември, кога учениците ѝ го извлекоа столот на наставничката на час.

„Поради насилството што се случи во Техничкото училиште во Трстеник, при што беше извршено физичко, психичко и дигитално насилство врз наша колешка, двајца ученици беа избркани од училиштето. Решенијата за исклучување вчера беа испратени до родителите на учениците“, вели во писмото директорот Милан Глиџиќ, пишува „Новости“.

Професорката била жртва на насилство во училницата кога најпрвин Н.Ж. ѝ го извлекол столот, додека М.М. и И.К., снимале со мобилни телефони, а потоа таа снимка ја споделиле на социјалните мрежи. Истата вечер професорката се пожалила на лекарите и раскажала што се случило. Токму дежурните лекари први ја алармирале полицијата.

Се огласи и професорката

„Мислам дека оваа одлука дефинитивно ќе послужи како пример. Верувам дека барем училиштето ќе биде нешто помирно и побезбедно место за учење на нашите ученици“, рече наставничката која беше нападната за време на настава во Техничкото училиште во Трстеник, по конечната одлука на директорот на училиштето да ги избрка двајцата ученици.

„Само го прашав ученикот кој стоеше зад мене дали мисли дека е учтиво да се однесува така. Тој го извлече столот, паднав, а потоа сфатив дека друг ученик се приближи од крајот на училницата и снима. Имаше и трет ученик… Ми требаа неколку моменти да се соберам, да станам. Седнав на столот, успеав да влезам на час. Внесов и белешка дека имало инцидент“, наведе таа.

Слични содржини