Два дена по ред во Велес нема ново регистрирани со Ковид-19

од Берта Китинска
138 прегледи

Според информацијата од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес втор ден нема новорегистриранi со Ковид-19, со тоа бројката на регистрирани во Велес останува на 107 колку што бea регистрирани на 9 мај. Во моментот во градот има 49 лица со ковид-19.

На Инфективното одделение при велешката Општа болница, како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, има 25 лица од кои кај 24 пациенти е потврдено присуството на ковид-19, а еден чека резултат од тест. Денеска бил испишан еден пациент кој лежел во ова одделение, но по тестот се утврдило дека е негативен на ковид-19.

Во велешката Општа болница досега од ковид-19 се излекувани 26 пациенти.

Слични содржини