Два дена пред да замине Јолевски поништил договори со израелска фирма за набавка на воена опрема

од Vladimir Zorba
164 прегледи

На 29-ти мај, (два дена пред заминување) без никакво образложение екс-министерот Зоран Јолевски раскинал четири договори за набавка на вооружување и опрема, тврдат високи извори од одбрана, информира Телма.

Набавката била дел од процесот на модернизација на АРМ, а поради поништување на договорите до крајот на годината нема да се реализираат буџетски средства во МОРМ планирани за капитални инвестиции.

Сите 4 поништени договори се со израелската компанија Елбит и се вредни околу 82 милиони евра. Со нив требало да се набават оклопни транспортери, комуникациски врски во оклопните единици, хаубици и друга воена опрема. Единствен на сила останал договорот за ремонт на хеликоптерите на АРМ направен со друга фирма.

Елбит и порано беше редовен продавач во одбраната, го направи воздухопловниот центар за обука во Петровец, изврши модернизација на хеликоптерите од кои еден падна пред 9 години кај Блаце кога загинаа 11 офицери на АРМ.

Досегашните анализи покажуваат дека нема да има финансиски последици од наглото прекинување на договорите со Елбит, но во министерството за одбрана ги проучуваат договорите за да утврдат евентуална штета./извор Телма

Слични содржини