Два земјотреса ја погодија областа Вранча во Романија

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала утринава ја погоди областа Вранча во Романија, откако регионот синоќа беше погоден од земјотрес со јачина од 3,6 степени.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 3,6 степени бил на длабочина од 99,4 километри, а епицентарот на земјотресот со јачина од 3,4 степени бил на длабочина од 81,8 километри, соопшти романскиот национален институт за истражување и развој на геофизиката.

Од почетокот на месецов во Романија се регистрирани вкупно 12 земјотреси со јачина од 2,1 до 3,6 степени според Рихтеровата скала.

Најсилниот земјотрес во Романија минатата година, со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, се случи на 14 февруари во југозападниот округ Горц, објави „Аџерпрес“.

Сеизмолозите претходно предупредија дека стравуваат од земјотрес кој би можел да ја погоди областа Вранча, а најсилниот земјотрес би можел да биде со јачина од 7,4 степени.

Слични содржини