Два земјотреса со магнитуда од 2,7 степени според Рихтеровата скала се регистрирани во Скопје вечерва во 21 часот и 10 минути и во 21 часот и 11 минути.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека епицентрите на земјотресите биле во Скопското епицентрално подрачје, а се почувствувани во Скопје и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала
Утрово беше почувствуван земјотрес во Прилеп, кој беше на границата меѓу Македонија и Грција, со јачина од 3,9 степени.
Вчера земјотрес од соседна Албанија со јачина од 5.2 степени беше почувствуван и во Македонија. Граѓаните во северозападна Македонија го почувствуваа потресот.