Дваесетина приведени за тепачката во Ченто

од desk2

Дваесетина лица се приведени откако синоќа избила тепачка меѓу две групи на улицата „Алија Авдовиќ“ во скопската населба Ченто.

Во тепачката едната група каменувала автобус бр. 65 б кој сообраќал на релација транспортен Центар-Брњарци при што се искршени четири стакла.

Еден камен го пробил стаклото и удрил 15-годишник од село Стајковци, а случајот во полиција го пријавил возач на ЈСП.

Слични содржини