Двајца браќа Словаци победници во натпревар на копање гробови

од desk3
96 прегледи

Двајца браќа Словаци се победници на натпреварот во копање гробови што минатата недела се одржа во рамки на меѓународната изложба на погребни услуги во Тренчин.

3500

Ладислав и Чаба Складан, на возраст од 43 и 41 година, во еден град на запад од Словачка за само 54 минути ископаа гроб длабок 1,5 метар, долг два метра и широк 90 сантиметри, победувајќи десет други двочлени екипи од Словачка, Полска и Унгарија, пренесува Хина.

Нивниот гроб бил и најуреден, заклучило петчленото жири.

-Среќен сум што победивме. Тоа е вистинско задоволство по 15 години на оваа работа, рече Чаба.

slovak-brothers-win-burial-competition-with-fastest-neatest-grave-2f30d95002f7a4f976b536d9aa4a6f9c

Неговиот брат Ладислав се пожалил дека „морал да се концентрира на брзината, иако кога времето е убаво и можат да разговараат со својот брат, тоа е работа од соништата“.

Организаторот на натпреварот Ладислав Стриз рече дека целта била да се покаже оваа тешка работа што можеби недоволно се цени./MИА