Две кинески компании печатат автомобил за само три дена

од desk2
100 прегледи

Polymaker и X Electrical Vehicle Limited (XEV), две компании од Шангај кои се занимаваат со технологија за 3Д печатење, неодамна лансираа автомобил кој ги руши сите традиционални начини на производство на автомобили во светот, пренесува Al Jazeera Ballkans.

Соосновачот и извршен директор на Polymaker, Луо Џиафан, тоа возило го нарече LSEV и го најави како првиот вистински 3Д печатен проект кој ќе има масовно производство. „Велам вистински затоа што постојат многу други компании кои користат технологија за 3Д печатење, но ништо не може да се спореди со големината, обемот и интензитетот на LSEV“ објаснува Џиафан.

За да се направи еден ваков електричен двосед потребни се само три дена, наведува производителот. Возилото прво ќе се појави на азискиот и на европскиот пазар. XEV Limited наскоро почнува да го произведува возилото и според очекувањата, на пазарот ќе се најде во април 2019 година по цена од само 10.000 долари.