Две лежалки и чадор за сонце во Милочер 120 евра Влезот на некогашната плажа Караѓорѓевиќ чини колку пола аранжман.

од desk3
403 прегледи

Ако сте одлучиле ова лето да го поминете  на Милочер, подгответе го паричникот. Само еден ден на познатата црногорска плажа би ве чинела колку половина аранжман во некој друг дел на црногорското приморје. 

Оние кои ќе посакаат да се исончаат на плажата која е поранешно одморалиште на српската династија Калраѓорѓевиќ, тоа задоволство ќе мораат да го платат 120 евра. И тоа само за Кралската плажа, додека на плажата на Кралицата, која се наоѓа веднаш до неа, дури ни оние кои се подготвени да издвојата вака голема сума на пари нема да можат  да влезат. 

Плажата на Кралицата, која името го добила по кралицата Марија Караѓорѓевиќ, со години е затворена за јавноста, а во нејизините убавини можат да уживаат само гостите од хотелот “Вила Милочер”, која од 2007 година заедно со Свети Стефан управува конзорциумот “Аман Ресорт”.
Инаку, наследниците на династијата Караѓорѓевиќ по судски пат ја побаруваат поранешната резиденција на кралицата Марија и на кралот Александар Караѓорѓевиќ, но и комплетниот имот кој на кралското семејство им е одземено во 1947 година. Покрај поранешната летна резиденција на Милочер, ги побаруваат и земјиштата во Милочер, лозја, градини, пасишта, плац со родната куќа на кралот Александар на Цетиње и дворецот Лесковац на Река Црнојевиќ
Правната постапка е покрената во април 2005 година, но барањето на наследниците на Караѓорѓевиќ на неколку пати е одбиено. Се очекува дека случајот ќе зарши пред судот во Стразбур, а до тогаш, Караѓорѓевиќи и сите оние кои ќе тргнат на преубавата милочерска плажа ќе мораат да подготват 120 евра за влез, две лежалки и чадор за сонце.