Двоен проблем за Реал пред реваншот со Атлетико во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
1,3K прегледи

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, го минимизираше неубедливиот настап на неговиот тим во нивната победа од 2-1 над Рајо Ваљекано во Примера во неделата и рече дека мисијата е исполнета откако тие освоиле три вредни бода во трката за титулата.

Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор погодија во првото полувреме за да ја осигураат победата на Реал, но нивните соседи Рајо ја искомплицираа ситуацијата со голот на Педро Дијаз непосредно пред паузата.

Само еден бод ги дели трите најголеми шпански клубови во една од најтесните трки за титулата во последниве години, при што Барселона води со 57 бода, пред второпласираниот Реал со гол разлика, а Атлетико Мадрид е трет со 56 бода по поразот со 2-1 од Хетафе претходно во неделата.

„Чувството е добро бидејќи целта беше победа“, изјави Анчелоти по мечот. „Првото полувреме беше многу добро за нас. Можеше да заврши 3-0 или повеќе за нас, но промашувавме. Потоа направија 2:1, што ни го комплицираше вториот дел. Но, тогаш имавме уште многу можности, кои за жал ги не ги искористивме“.

„Но, кога водите со 2-1 во 75. минута, она што треба да направите е да ги избегнете проблемите и добро да се браните. Разбирам дека тоа не им се допадна на луѓето, но мора да го земеме предвид напорниот распоред што го имаме пред нас, а ќе играме и во Лигата на шампионите и во Купот на Шпанија. Многу е тешко да се подготвите за сите овие натпревари на ист начин и да го одржите интензитет во нив“, објасни италијанскиот стручњак.

Во пресрет на реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите во среда, каде Реал Мадрид ќе влезе со водство од 2-1, Анчелоти има повеќе проблеми. Тој рече дека се надева дека неговиот голман Тибо Куртоа и дефанзивецот Антонио Рудигер се добри откако го пропуштија неделниот натпревар поради мали проблеми.

„Тибо Куртоа има мал проблем, но се надевам дека ќе биде подготвен за среда. Антонио Рудигер има грип, се подобрува, но моите надежи се дека ќе биде добро во наредните денови. Но, генерално, гледајќи го тренингот, јас сум задоволен. Тимот изгледа добро, играчите изгледаат свежо, со оглед на календарот. Ако одиграме како во првото полувреме против Рајо во среда, имаме добри шанси да продолжиме напред“, додаде Анчелоти.

Слични содржини