Во фустан со дрзок шлиц пристигна Џенифер Анистон на наградите “Изборот на критиката” во Калифорнија. Актерката беше во друштво на нејзиниот сопруг Џастин Теру.c4e2b4c391e4f9b90173356f5431b347

Покрај шлицот, кој ѝ ги откри нозете, фустанот од нежна свила се истакнуваше со “износено” деколте и тенки бретели. Косата ѝ беше пуштена слободно да паѓа над рамената. Теру беше во класичен црн костум. И двајцата имаа номинации за награди на церемонијата.

Џастин се бореше за награда за најдобар актер во драмската серија The Leftovers додека Џенифер беше за ретроспективата во серијата “Пријатели”, каде таа ја толкуваше улогата на Рејчел, пишува Daily Mail.

И покрај фактот дека серијата нема нова епизода повеќе од 12 години, продолжува да ужива висока популарност. Стана јасно дека се подготвува и двочасовен филм со ѕвездите од серијата.

Покрај неа, повторно ќе ги видиме Кортни Кокс како Моника, Метју Пери ќе влезе во улогата на Чендлер, Мет ЛеБланк ќе е пак Џои, Лиза Кудроу – Фиби, а Дејвид Шуимер ќе е Рос.Епизодата ќе се емитува на 21 февруари на NBC.

“Пријатели” -те ќе се соберат, за да му оддадат чест на комичниот режисер Џејмс Бароус.

Серијата се емитува на NBC од 1994 до 2004 година.

Шоуто е создадено од Дејвид Крејн и Марта Кауфман, а “Пријатели” им даде завидна кариера и на шесте актери од шоуто.

Анистон сепак го почувствува вистинскиот пробив на ѕвезда по серијата и се нареди меѓу најпознатите актерки во Холивуд.

Слични содржини