ДЗС активно учествува на кризното подрачје во Дебар и Центар Жупа

од Ивана Рамаданова

Наредба за мобилизација на дел од припадниците за заштита и спасување издал директорот на Дирекцијата за заштита и спасување ( ДЗС), Аднан Џафероски.

„Силите на ДЗС покрај делувањето во внатрешноста на кризното подрачје ќе делуваат на два контролни пунктови каде ќе се врши детална деконтаминација на медицинските возила, возилата за дотур на намирници и лекови и другите возила кои со посебна дозвола ќе се движат во кризното подрачје“, се наведува во соопштението од ДЗС.

Дирекцијата за заштита и спасување апелира да се почитуваат мерките донесени од страна на Владата на Република северна Македонија поради лична заштита и заштита на целото население.

Слични содржини