Пејачот Ед Ширан, ја откри својата нова улога на малите екрани откако се појави во новата сезона на „Игра на тронови“.

Британскиот пејач ќе го позајми гласот на Брендан во популарната анимирана серија “The Simpsons”.
Брендан ќе стане дел од шоуто во 29 сезина која почнува во октомври и ќе биде во љубовен триаголник со Лиса Симпсон и Нелсон Мунцо.
„Оваа година ќе биде еднакво нестварна и неверојатна“, напиша Ед поставувајќи слика од својот лик.
Извршниот продуцент Ал Џин кажа дека пејачпт е совршен за оваа улога и дека го снимиле преку телефон.
Во краткото појавување во „Игра на тронови“, Ширан беше облечен како војник и пееше околу кампот за да го привлече вниманието на Арја Старк.
Во 2015 година Ширан глумеше во комедијата на американската тв мрежа NBC, “Undateable” како и во научно-фантастичната серија “The B*****d Executioner”.