222
Денеска пред Владата се протестираше против 5Г и вакцините.
За време на протестот, полицајците неколку пати ги опоменувале присутните да држат растојание и да не се групираат.
Од МВР соопштија дека против 7 од присутните на протестот се преземени мерки за непочитување на уредбите и мерките за јавен собир и групирање, а едно лице е приведено во полициска станица.