Еден од најсмртоносните облици на рак може да се препознае по „утрински“ симптоми!

од Stefanija Kuzmanovska
321 прегледи

Ракот на белите дробови е еден од најчестите и најтешките видови на рак. За жал, тешко е да се открие и дијагностицира бидејќи симптомите често се суптилни и нејасни. Единствениот начин да го препознаете е да знаете што да барате.

Лекарите истакнуваат четири симптоми на рак на белите дробови кои можат да се појават наутро и да бидат предупредувачки знак.

Иако упорната кашлица е најпознатиот симптом на рак на белите дробови, други делови од телото исто така може да дадат предупредувачки знаци. Се истакнува дека секој може да се чувствува уморен или болен наутро, но овие знаци не треба да се игнорираат:

– Пациентот може да почувствува дека се буди облеан во пот, со треска. Ако ова е придружено со сува кашлица која трае повеќе од три недели или кашлање крв, тоа може да укажува на рак на белите дробови – објаснуваат докторите.

Додаваат дека треба веднаш да побарате лекарска помош доколку страдате од некој од овие симптоми.

Покрај знаците што се појавуваат наутро, ракот на белите дробови може да ги предизвика и овие симптоми:

* Кашлица која не поминува по три недели

* Продолжена кашлица која се влошува

* Повторувачка инфекција на белите дробови

* Кашлање крв

* Болка при дишење или кашлање

* Постојано останување без здив

* Постојан замор или недостаток на енергија

* Губење на апетит или необјаснето губење на тежината

* Промени во изгледот на вашите прсти, како што се искривување или зголемување на врвовите на прстите

* Тешкотии при голтање или болка при голтање

* Отежнато дишење

* Рапав глас

* Оток на лицето или вратот

* Постојана болка во градите или рамото

За жал, обично нема знаци или симптоми на рак на белите дробови во раните фази, што го отежнува навремено откривање на состојбата.

Британската национална здравствена служба (NHS) истакнува дека горенаведените симптоми најчесто се развиваат како што напредува состојбата.

Добрата вест е дека постојат неколку начини да се намали ризикот. Пушењето се смета за најголем ризик фактор за рак на белите дробови, па затоа е суштинско да се откаже од пушењето.

Понатаму, здравата исхрана полна со овошје и зеленчук е од суштинско значење кога станува збор за намалување на ризикот од рак.

Исто така, преземете чекори за да се заштитите од изложување на токсични хемикалии.

Слични содржини