Еден патник се води за исчезнат , откако вчера авион со 47 патници ја промаши пистата и падна во Пацификот.

Едно лице се води за исчезнато откако вчера авион се урна во лагуна во Тигиот Океан , во Микронезија, соопштија денеска од авио компанијата . Претходно тврдеа дека сите 47 патници и членови на екипажот ја преживеале несреќата.
Седум лица се повредени , а од нив шестмина се задржани во болница по фаталната грешка на пилотот , кој наместо да слета на пистата , се заринка во океанот.