Еден починат и двајца повредени: МВР со детали за тешката сообраќајка кај Ѓавато

од Nikola Popovski

МВР излезе со детали за тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера на планинскиот превој Ѓавато на патниот правец Ресен – Битола, при што загина жена.

-На 23.04.2023 во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Ресен, кај превојот „Ѓавато”, во атар на с.Ѓавато, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“, управувано од лице од Ресен и патничко возило марка „мерцедес”, управувано од лице (52) од Ресен, двете со ресенски регистарски ознаки.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починала 57-годишна жена, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Сопатникот во возилото „сеат“ (56) од Ресен и возачот на возилото „мерцедес“ се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Битола. Увид извршила екипа на СВР Битола, информираа од полицијата.

Слични содржини