Единаесетгодишно дете почина за време на лет од Њујорк до Истанбул

од Stefanija Kuzmanovska
825 прегледи

Единаесетгодишно дете починало откако изгубило свест на лет на „Туркиш ерлајнс“ од Њујорк до Истанбул, при што медицинските служби не можеле да го реанимираат детето откако авионот принудно слетал во Будимпешта, објави новинската агенција МТИ.

МТИ соопшти дека медицинската служба на аеродромот пристигнала на местото откако летот ТК003 денеска слетал во Будимпешта, но детето не можело да се спаси и покрај напорите на лекарите да го реанимираат.

Според агенцијата, авионот би требало денеска да го продолжи летот до Истанбул.

Слични содржини