Загрижена мајка и помага на рожбата за да ја извади над водената површина .Кит се вклучи активно во спасувачка операција при која китчето и било ослободено од мрежи против ајкули крај австралискиот брег, пишува Sky News.
Срцепарателна сцена била снимена со подводна камера. Загрижената мајка сја вади рожбата над водената површина, додека спасувачите ја сечат мрежата-стапица. По завршувањето на акцијата, која траела околу 30 минути, мајката и нејзиното излегле неповредени. Иако имаше среќен завршеток на сторијата, таа предизвика жестоки дискусии на темата за употреба на мрежи против ајкули на бреговите на Австралија. Објектите имаат за цел да ги заштитат луѓето од опасните предатори. Оваа шема за превенција се користи на 51 плажа од 1937 година. Не овие места до денес има една жртва на напад на ајкула и 33 такви напади. Во периодот 2014 – 2015 година вкупно 189 морски жители се заплеткале во мрежите. Само 44 од нив биле ајкули. 116 пак умреле пред спасувачите да успеат да ги ослободат.