Една година и осум месеци затвор за Емил Јакомовски

од Ивана Рамаданова
367 прегледи

Една година и осум месеци затвро заработи поранешниот вработен во Централниот регистер Емил Јакимовски, кој беше обвинет за закани кон новинарката Мери Јордановска и загрозување на безбедноста на поранешната сопруга.

Јакимовски ќе треба да лежи во психијатриската установа во Бардовци, додека лекарите не утврдат дека е во подобра здравствена состојба пред тој да биде вратен во затвор. Ваквата одлука е донесена откако вештакот Александар Марцикиќ утврдил дека за Јакимовски е потребно задолжително лекување бидејќи може да го повтори делото, со оглед на тоа што страда од псхичко нарушување.

Пресудата денеска беше изречена во скопскиот Кривичен суд од страна на судијката Џенета Бегтовиќ. Обвинителството предложи, а судот прифати тој да остане во притвор до правосилноста на пресудата.

Јакимовски беше уапсен на 17 јануари, по пријавите за навреди и закани кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровошевска.

Тој беше пријавуван дека се заканувал и на директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски, а закани упатуваше и на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.

Речиси сите рочишта од овој судски спор беа затворени за јавноста бидејќи се изнесуваа информации кои се од приватниот домен на животот на обвинетиот и оштетените.

Слични содржини