Една победа го дели Мареј од светскиот тениски врв

од Vladimir Zorba
74 прегледи

 

На британскиот тенисер Енди Мареј му е потребна само уште една победа за да го симне од врвот на АТП листата големиот ривал Новак Ѓоковиќ.endi-marej-mozham-da-go-osvojam-vimbldon-88346

Ова е епилогот по одигрувањето на четвртфиналната рунда на Мастерсот во Париз.

Првиот светски рекет Ѓоковиќ загуби од Марин Чилиќ (Хрватска) во два сета, додека Мареј по голема борба со Томаш Бердих (Чешка) синоќа избори полуфинале.

На Британецот потребна му е победа на денешниот меч од 16:30 часот со Милош Раониќ (Канада) по што ќе си го обезбеди првото место на АТП рејтинг листата.

Претходно, во првото полуфинале во Париз ќе се сретнат Чилиќ и Џон Изнер од САД.