Само по два месеци (на 22-ти март) Рис Витерспун ќе наполни 40 години. Во пресрет на својот јубилеј холивудската актерка покажува дека сè уште изгледа неверојатно. Таа позираше во фустан на Мајкл Koрс за насловната страница на списанието Harper’s Bazaar, а кадрите се дело на Алекси Лобомирски.3de33fdae85c74ff80ec5f17ac697dcf

Голем дел од шармот на Витерспун е тоа дека таа изгледа како најзабавната жена на светот, но е факт дека освен хумор, има и одлично чувство бизнис.

Неодамна 39-годишната русокоса, која е и мајка на три деца, започна синџир на продавници за животен стил “Draper James”, инспириран од Јужните Американски Држави.

Рис открива пред изданието како планира да го прослави својот 40-и роденден.

“Во Нешвил со музика во живо, убав оброк и пријатели со деца. Сакав даа крстариме до Мачу Пикчу, но решив дека се предадов на доволно туризам минатата година. ”

Рис споделува што сака да прави дома, кога има потреба од целосна релаксација: “Дали знаете што сакам да правам – да ги реорганизирам библиотеките и гардероберите, како и фиоката со чорапи на мојот сопруг Џим. Уживањето трае со часови. ”

Иако наскоро ќе прослави јубилеј, Витерспун признава дека не страда по 20-те години.

“Денес сум многу поотворена кон светот. Во 20-тие ми години ми беше страв од сè. Не знаев што сакам од кариерата, не знаев зошто на луѓето им се допаѓаат филмовите. Внимавав во интеракцијата со луѓето. Кога имав 25, кога “Професионална русокоса” стана хит, бев навистина исплашена. Сега се чувствувам како различен човек. Убавиот дел на стареењето е дека разбираш кој си и веќе не ти е страв да кажеш што сакаш. ”

За да ги видите фотографиите на прекрасната Рис, посетете ја галеријата!

Слични содржини