„Едвај чекам да дојде 1 јули“- Боки 13 се враќа на обвинителна клупа заедно со неговиот татко

од Берта Китинска

Денеска почнува судењето за Меѓународен сојуз.Тринаесет дена откако ја слушна пресудата со која доби затворска казна, Боки 13 пак ќе седне на обвинителна клупа.

„Едвај чекам да дојде 1 јули“, беа зборовите на Бојан Јовановски – Боки 13 кога откако беше осуден на 9 години затвор во судница зборуваше дека нема да бега и затоа треба да излезе од притвор и да се брани од слобода.

Во предметот освен Бојан Јовановски, обвинет е и неговиот татко, Миле Јовановски, пратеничката Фросина Ременски, заменик претседателката на сојузот Јасна Мандиќ како и асистентката Христина Блажевска.

Миле Јовановски според обвинението ги земал парите од Боки 13 и ги уплаќал на својата девизна сметка. И тој по распитот кај Русковска тврдеше дека е невин.

Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ и Блажевска за помагање на двете дела (измама и перење пари), а таткото на Боки за помагање во перењето пари и за делото неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола.

Случајот ќе го судат истите судии од случајот „Рекет“, Васка Николовска- Масевска и Софче Гаврилова -Ефремова. Но сега судијката Гаврилова -Ефремова ќе биде на чело на судечкиот совет, а судијката Николовска -Масевска е втор судија.

Слични содржини