Aко ве предизвикуваат светлината, мистиката, романтиката и уникатноста, запознајте се со ефектот на аквариумите во домот. Аквариум (аqua-вода и arium-место каде се поврзува) е живеалиште на риби, без‘рбетници, водоземци, водни цицачи, желки и водни растенија со најмалку една проѕирна страна.

Аквариумите имаат моќни ефекти во домот, можат да се вградат во мали масички, лавабоа, спални соби и плакари.
Во последните неколку години, необичен и дизајниран по желба е домашниот аквариум со цена од илјадници долари, кој претставува статусен симбол. Според весникот „Њу Јорк тајмс”, луксузниот аквариум е сигурен начин за да ги импресионираат своите пријатели.” Аквариумите „крајсел”, кои се со специфична кружна форма, вообичаено се користат за да се чуваат нежни животни, како медузата.
Водата која кружи во садот, дава нежен тек и им овозможува на животните да лебдат, а водата која го напушта садот, е покриена со нежен екран, кој не им дозволува на животните да се заглавуваат.
Елеганцијата на аквариумите често е проследена со едноставноста во просторот, па така со воведување на аквариумот како детал нема потреба од дополнителни украси, се’ во зависност од вкусот и стилот.
Аквариумите стануваат се’ поприсутни детали во домовите. Често се наоѓаат во влезните простории каде оставаат најголем впечаток, особено за гостите кои за прв пат влегуваат. Во нив се вградуваат разновидни светла, камења и дополнителни украси. Создаваат пријатна и опуштена атмосфера, а луѓето во домот чувствуваат поголема блискост и згриженост.