ЕХФ со видео за македонската фаланга од кое ќе се наежите

од desk2
300 прегледи

Македонската публика која отпатува во Загреб за да и даде поддршка на нашата ракометна репрезентација и тоа како има влијание, удел врз двете победи над Словенија и Црна Гора.

Тоа постојано го потенцираат од нашиот стручен штаб, ракометарите, а сега македонската фаланга се најде и во фокусот на ЕХФ, односно беше направено специјално видео за нашите навивачи од кое сигурно ќе се наежите.

Се надеваме оти денеска Македонија бодрена од овие навивачи ќе оствари уште еден голем резултат против актуелниот шампион Германија./Derbi