ЕК: Албанија и С. Македонија ги исполнуваат условите на Советот на ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, во петокот рече дека ставот на ЕК е „јасен и непроменет“ кога станува збор за исполнување на условите и одржување на првите меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија.

„Нашата позиција е дека двете земји ги исполниле условите и дека би сакале да ги видиме првите меѓувладини конференции што е можно поскоро“, рече Писонеро, пренесе Танјуг.

Во врска со изјавата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји дека е можно сценарио за „раздвојување“ на почетокот на пристапните преговори меѓу Албанија и Северна Македонија, ЕК нагласува дека е нс земјите-членки, односно од Советот на ЕУ, да се постигне договор за рамка на преговори за Тирана и Скопје.

„Во март 2020 година, Советот на ЕУ се согласи да ги отвори преговорите за пристап со двете земји и ги наведе специфичните услови за Албанија што ги исполни земјата. Подготвени сме да поднесеме извештај до Советот на ЕУ пред да донесеме одлука за рамката за преговори“, рече Писонро.

Иако земјите-членки на ЕУ го поддржаа отворањето на пристапните преговори и со Албанија и со Северна Македонија на почетокот на 2020 година, Бугарија ја блокираше рамката за преговори за Северна Македонија во текот на годината во врска со обвинувањата за „лажниот идентитет на Македонија“.

Досега не е постигнат договор меѓу Брисел, Софија и Скопје, а блокадата на Северна Македонија индиректно го блокираше усвојувањето на рамката за преговори за Албанија, како и усвојувањето на годишните заклучоци на Советот на ЕУ за Западен Балкан.

Португалија, како земја претседавач со Советот на ЕУ, објави дека во јуни се планирани четири меѓувладини конференции со Србија и Црна Гора, како земји што веќе преговараат за членство и за прв пат со Албанија и Северна Македонија.

Слични содржини