ЕК соопшти дека се создаваат 100 илјади места за прилагодуваме на мигранти по “Балканскиот пат”. 50 илјади од нив ќе бидат во Грција. Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер изјави дека ЕУ ќе активира свој механизам за цивилна заштита за азил, медицинска помош и храна за мигрантите. За добивање азил во ЕУ сите мигранти мора да бидат регистрирани, објави Јункер по вонредниот состанок за миграција криза по “Балканскиот пат”.

4476342

 

“Грција создава регистарски центри на своја територија, како и други земји. Должни сме да ставиме крај на неорганизирани преминување на граници. Сите треба да преминат регистрација. Нема регистрација – нема права “, објави Јункер. Грција ќе отвори прифатни центри за сместување на 30 000 бегалци до крајот на оваа година, а ОН ќе обезбеди во Грција уште 20 000 места. Високиот комесар на ОН за бегалци од своја страна ќе отвори прифатни центри за уште 50 000 по т.н. “Балкански пат” на мигрантите. Во оваа фаза не е јасно каде точно ќе бидат изградени овие центри.

Според канцеларката на Германија Ангела Меркел враќањето на економските мигранти е услов за решавање на кризата “Детално  зборувавме механизмите за враќање на економските мигранти, особено од земји како Бангладеш, Пакистан, Авганистан”, рече Меркел. Европските финансиски институции, исто така ќе се вклучат во решавањето на проблемите со мигрантите. Медиумите јавуваат за разменети остри реплики меѓу премиерите на Словенија и Хрватска, Зоран Милановиќ и Миро Церар за време на состанокот во Брисел.

Според извори од сосотанокот , Милановиќ е “бил доста агресивен”. “Оваа средба не доведе до никакви решенија. Сите имаат различно мислење, кои се противат. Нема причина за оптимизам”, рече од своја страна претседателот на европскиот парламент Мартин Шулц. Унгарскиот премиер Виктор Орбан одби да дава изјави. А српскиот премиер Александар Вучиќ рече дека Србија нема да се претвора во “тампон зона

 

 

Европејци се за Криволак да го прават камп за мигранти- Се согласува ли Македонија?

Криволак  би можел  да биде иден камп за мигрантите кои ја натиснаа Европа. Како што дознава Локално.мк од анонимни извори на агенциите на ЕУ за миграции EASO и високиот комесар на ОН за делата на бегалците, веќе имало посета на полигонот Криволак и се размерувало и гледале  и проценувале капацитетите, и колава бројка  на мигранти и бегалци  би можела да се смести  веднаш,   и што би значело во иднина да се доизгради тој простор.

krivolak

Истите изворивелат дека се  правело и попис што се има и што треба да се доопреми за иднот камп за бегалци.

Нема информација дали претседателот Ѓорѓе Иванов по  средбите во Брисел,  за оваа зборувал и бил известен за оваа опција  за правење камп за мигранти на Криволак

Нема шанси да се постават бегалски кампови во Македонија и другите земји кои не се членки на ЕУ затоа што тоа може да доведе до нивна дестабилизација, предупредил  на состанокот во Брисел македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.

Тој побара Македонија да се интегрира во европскиот безбедносен систем и нема против распоредување на Фронтекс на границата со Грција.

 

Експерти за Локално.мк проценуваат дека тоа би бил  многу опасен потег, кога цела Европа се оградува и нема решение, добар дел ставија огради на границите , да  се  прифати таков ризик и да  се донесат илјадници бегалци и таква голема бројка на мигранти од кризните воени региони.Кој знае што би можела да биде понудата за возврат  за  власта во Македонија, но тоа може да биде и сериозне безбедносен проблем кој може да ги загрози националните интереси, особено што мигрантите не сакаат да останат во Македонија и ќе сакаат да избегаат од кампот,проценуваат експертите Следниот проблем е дека  се тоа  ќе треба да наликува на конц.логор,  тешко ќе се обезбедува , макар тоа да биле и мешани и интернационални полициски единици.

Слични содржини