ЕК денес ќе го објави извештајот за напредокот на С. Македонија за членство во ЕУ

од Nikola Popovski

Европската комисија ќе го објави годишниот извештај за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ. Владата очекува да добиеме објективен извештај, во кој ќе има признание за постигнатото, но и критика за сите слабости во државата.

Брисел, во неколку наврати посочи дека се неопходни реформи, посебно во судството. Реакции имаше за борбата со корупцијата и за измените на Kривичниот законик, употребата на европското знаменце во Собранието, но и за работата на Судскиот совет.

Власта смета дека наша обврска остануваат уставните измени, на што се спротивставува опозицијата.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во пресерт на објавувањето на извештаите во понеделникот изјави дека очекува документот за земјава да биде објективен и во него да има признание за постигнатото, но и критика за сите слабости.

– Очекувам објективен извештај. Европската комисија обично е објективна во своите проценки. Мислам дека ќе има и пофалби во однос на постигнувањата, а се разбира ќе има и критики во однос на одредени слабости што ги има државата, изјави Османи во одговор на новинарско прашање за тоа каков извештај очекува од ЕК.

Според него, државата прави напори да ги почне преговорите по поглавја за да може да ги адресира слабостите кои постојат.

Слични содржини