ЕК одобри употреба на нова адаптирана вакцина против Ковид-19 на „Фајзер“

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Европската комисија соопшти дека денеска ја одобрила употребата на новата адаптирана вакцина против корона вирусот на производителот „Бионтек-Фајзер“, „Комирнати Икс-Бе-Бе.1.5“ („Comirnaty XBB.1.5“), во текот на есенската кампања за вакцинација против Ковид-19 во земјите членки на ЕУ.

„Оваа вакцина означува уште една важна пресвртница во борбата против болеста. Тоа е трета адаптирана варијанта на оваа вакцина, со цел да одговори на новите варијанти на Ковид-19“, се наведува во соопштението на ЕК.

Вакцината може да ја примаат сите категории граѓани, вклучително и повозрасни лица, деца и доенчиња на возраст од над шест месеци.

Еврокомисијата во соопштението посочува дека целта на адаптација на вакцината била да се таргетира Омикрон сојот на вирусот, но се очекува да придонесе за поголем имунитет и против останатите варијанти.

Слични содржини