Комесарот за безбедност на ЕУ, Џулијан Кинг , во својот напис објавен во Ди Велт изјави дека ЕК ја обвини руската влада за намерно ширење дезинформации.
“Не се сомневаме дека сега имаме субверзивна, вешто спроведена и „камењарска“ кампања од страна на владата (Москва) за проституцирање со дезинформациска кампања “. – напишал Кинг.
“Руската војска го користи Интернетот како ново бојно поле, служејќи го како оружје за лаги “, додаде комесарот на ЕУ.
Европа треба да се бори повеќе со дезинформации, нагласува тој.
Како киберзакана против демократските држави тој ги посочува хакерските напади, ширењето на компјутерски вируси, онлајн пропагандата на тероризмот, обидите преку лажни вести да се манипулира јавното мислење и да стане отворениот модел на демократските општества во оружје против самата демократија .