
Професионалните способности на грчката владејачка елита се ограничени на уметноста за одржување мали партиски битки. Владините претставници го развија својот талент на универзитет, во амфитеатaр и и зад сцената на партиските кампањи.
Сега тие тоа го манифестираат во постојаните политички интриги и акробатиката што ја прават пред јавноста, пишува во остриот материјал на грчкото издание Kathimerini против политичката класа во Грција.
Но, сето ова не е доволно да се води држава која се соочува со големи предизвици и закани.
Компромис со европските партнери на земјата е едно, а перцепцијата на европски стил на управување е сосема друго.
Не успехот стана болно евидентен во последниве денови. Нивната желба за политичка доминација доведе до институционални ексцеси и злоупотреби кои иницираа сериозни прашања во врска со реториката на владата дека Грција оди по патот кон нормалноста.
Во меѓувреме, надворешните закани се зголемуваат. Сега ни треба визија и консензус меѓу политичките сили.
Но, најголема нужда сега имаме од влада која не се однесува на политичките ривали како непријатели кои треба да бидат ликвидирани и кои се способни да признаат дека вонредните околности диктираат усвојувањето на различно однесување.