Со гордост го најавуваме отворањето на фабриката EkoLife, чија цел ќе биде да даде една нова димензија на еко свеста во Македонија, преку производство на еколошки производи.

Прв од палетата производи e EkoLife Pellet, инвестиција од 3.000.000 евра во Гиновци, општина Ранковце – Крива Паланка.
Почетниот број на директни вработени во компанијата е 40, а според проценките, во идните месеци се очекува бројката да се искачи на 100. Покрај директните вработувања, EkoLife ќе придонесе за значаен економски развој на територијата на општина Ранковце, Крива Паланка и целата држава преку дополнителните вработувања во делот на добавувачи на репроматеријали.
Фабриката ќе работи со капацитет до 3 тона на час и веќе поседува неколку сертификати: сертификат за систем за управување со квалитет EN ISO 9001:2015; систем за управување со животна средина EN ISO 14001:2015 и сертификат FSC® Chain-of-Custody – C142648. Во постапка е добивањето на сертификатот EN Plus.
Ве покануваме да бидете дел од свеченото отворање на фабриката EkoLife Pellet на 28.08.2018 (вторник) во 13:00 часот, во Гиновци, општина Ранковце.