Економијата на Турција е во вонредна ситуација

од desk3
74 прегледи

Катимерини – Атина

Официјално, турската економија веќе е ставена во вонредна ситуација.

Обраќањето на турската влада адресирано до јавноста во земјата е полно со националистичка реторика, а од турските граѓани се бара да се изборат со новата економска криза и да го сторат тоа исполнети со здрави патриотски чувства.

Во своите последни јавни изјави, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, рече дека земјата е исправена пред вториот бран „инвазија“.

Ноќта на 15 јули поддржувачите на странски интереси во Турција се обидоа да направат пат за надоаѓање на странски сили во земјата.

Тој обид не успеа благодарение на силниот отпор на турскиот народ.

Сега неколку месеци по неуспехот на воениот преврат, странските интереси и „предавниците“ предизвикуваат безредија во турската економија и се обидуваат повторно да нанесат удар на интересите и стабилноста на Турција.

Ердоган кој не ги наведува интересите на својата земја, ја повика турската јавност да преземе иницијативи за економска потпора за да биде спречена новата економска криза.

Шефот на турската држава им се обраќа на турските граѓани од кои бара итно да инвестираат во турската екномија и поконкретно во националната валута на земјата.

– Веднаш претворете ги странските валути во турски лири, беше пораката на Ердоган кон нив.

А таа порака на турскиот претседател доаѓа во момент кога странските валути, а најмногу американскиот долар, регистрираат драматичен пад на турскиот пазар.

Водечки турски аналитичари и економисти предупредуваат за најлошото, искажувајќи мнение дека мерките на владата во Анкара е можно да не успеат да доведат до зацелување на раните кои ги остави зад себе новата криза во турската економија.

Истовремено, последниве денови во Турција се забележува скок на цените на основните и најпотребните стоки.

Заедно со тоа секторите на туризмот и градежништвото, кои во минатото продонесоа за еконоски процут на труската економија, се повеќе покажуваат знаци на замор.

Од големата криза е засегнат и државниот авиопревозник во Турција, кој почнува со скратување на некои свои досегашни услуги.