Економијата, платите и пензиите ќе продолжат да растат во 2024, истакнуваат од СДСМ

од Nikola Popovski
203 прегледи

Со економските политики на СДСМ, 2024 година ќе биде уште подобра, порачаа од партијата на власт преку соопштение. Додаваат дека економијата, платите и пензиите ќе продолжат да растат.

-Од март следува ново покачување на минималната плата и ќе биде 22.500 денари. Во изминативе 6 години, СДСМ ја покачи минималната плата за 4 пати, двојно повеќе во однос на 2016 година. Просечната плата да е покачена на 39.000 денари и денес е за 300 евра повисока во однос на 2016 година, велат од СДСМ.

Според објавеното во соопштението, СДСМ ги покачи за 50 %.

-Воведовме законски решенија, коишто содржат методологија за раст врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата. СДСМ продолжува и натаму да го штити стандардот на граѓаните, градејќи стабилна и силна економија, истакнуваат од владеачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека растот на платите засега е преспор во однос на енормно зголемените трошоци за живот.

-Да не заборавиме дека токму оваа влада го зголеми ДДВ-то на огромен број на производи. Дополнотелно на ова ако се додаде и двоцифрената инфлација ќе се добие дека со повишувањето на платите нема ниту за сол и шеќер да се купи. На пример, ако јогуртот се продаваше по цена од околу 70 до 80 денари, сега чини околу 90 денари. Кравјиот кашкавал кој одеше за 500 денари, сега чини 600 денари. Еден килограм овчи кашкавал ќе се продава за околу 900 денари, мешаниот за околу 700, кравјото сирење е со цена околу 400 денари, а овчото сирење се продава за повеќе од 500 денари, рекоа меѓу другото од најголемата опозициска партија.

Слични содржини